Мбапе ја крена Европа на нозе – најави можно заминување од Париз

Најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе ја крена Европа на нозе откако на доделувањето на наградите за најдобрите сезонава во Лига 1, а тој беше прогласен за фудбалер на сезоната, најави можно зминување од ПСЖ во „клучниот период од кариерата“.

Мбапе имаше извонредна сезона со 30 голови, а лани беше еден од клавните ликови во освојувањето на светската титула со Франција на Мундијалот во Русија. На доделувањето на наградите, Мбапе порача дека време е да преземе поголема одговорност и дека за такво нешто можеби е време тоа да го стори на друго место.

„Ова е многу важен момент, но јас дојдов до пресвртница во кариерата. Открив многу работи тука и чувствувам дека е дојден моментот кога треба да имате поголема одговорност. Се надевам дека можеби тоа ќе биде во ПСЖ, што би било големо задоволство, ама можеби и на друго место во нов проект“, рекол Мбапе.

Оваа изјава веднаш го вклучи алармот во јавноста, дека Мбапе веројатно се подготвува и за трансфер во Реал Мадрид, кој веќе подолго време е заинтересиран, а Зинедин Зидан го обожава брзоногиот сонародник и посакува да го види во своите редови. Уште пред неколку месеци се најавуваше опција Реал Мадрид со 250 милиони евра да го купи Мбапе.