Мбапе испрати порака за утеха до навивачите на Реал Мадрид (ФОТО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера ја прекина сагата за неговата иднина и реши да стави потпис на тригодишен договор со ПСЖ, иако беше блиску до преселба во Реал Мадрид, а неговата одлука ги налути навивачите на шпанскиот првак.

Мбапе призна дека преговарал со „кралевите“, но сепак добил подобра понуда од парижаните за која засега не се познати премногу детали, а тоа било пресудно за да остане во главниот град на Франција.

По критиките кои ги доби од страна на шпанските навивачи, Мбапе реши да испрати порака преку социјалните мрежи.

„Среќен сум затоа што ме сакаше таков голем клуб. Го разбирам вашето разочаррување, ќе бидам навивач на Реал во финалето на Лига на шампиони, во Париз, мојот дом. Многу сум среќен што ќе останав во Франција, земја во која се родив, пораснав и остварив успеси. Убеден сум дека можам да се развивам и сакам да му се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи за довербата и трпението. Исто така, благодарност до навивачите на ПСЖ и сите во Франција. Уште од мал, наместо да сонувам во животот, сакав да ги остварам соништата. Се трудам да одам напред, од предизвик до предизвик. Си градам пат кон врвот, без разлика каков е“, напиша Мбапе.