Мбапе го пропушта мадридското дерби - нема да биде ниту на трибини!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе не е подготвен за настап и ќе го пропушти дербито против градскиот ривал Атлетико Мадрид, а нема да се најде ниту на трибините на „Ванда Метрополитано“.

„Кралевите“ сметаат дека е ризично Мбапе да биде присутен на стадионот затоа што се плашат дека ќе се случи инцидент со домашната публика, како тоа што во минатото беше случај со Винисиус Жуниор.

Навивачите на Атлетико во 2022 година го нападнаа Винисиус со расистички извици, а Реал сака да избегне исто сценарио и поради тоа Мбапе ќе мора од дома да го гледа мадридското дерби.

Дербито меѓу Атлетико и Реал се игра вечерва на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид од 21 часот.