Матиќ ли е, Роналдо ли е: Јунајтед на пола пат до сензација на „Етихад“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед води на гоствувањето на „Етихад“ со 1-0 против Манчестер сити во вториот меч од полуфиналето во Лига Купот, откако Немања Матиќ со фантастичен удар ја затресе мрежата на противникот.

Сити победи во првиот дуел на „Олд Трафорд“ со 3-1, но тоа не мора ништо да значи, зашто Јунајтед со уште еден погодок би можел да се избори за пенали бидејќи тука не се земаат во предвид головите во гости.