Марсело го искажал своето незадоволство, го напушта Реал!

По заминувањето на Кристијано Роналдо, кој важеше за голем пријател на Марсело, Бразилецот игра незаинтересирано во кралскиот клуб. Своето незадоволство од статусот во клубот  го искажал на разговор со спортскиот директор на Реал, Хозе Ангел Санчез.

Марсело не е задоволен во Реал, а тоа се рефлектира со неговите партии на теренот. Бразилецот во разговорот со спортскиот директор поставил неколку услови, а доколку тимот од Мадрид не е спремен да му ги исполни, дециден е дека сака да го напушти клубот уште ова лето.

Ова незадоволство на Марсело ќе проба да го искористи Јувентус каде што со помош на Роналдо ќе бидат фаворити број еден за ангажман на одличниот бек.