Марсеј на колена, Лион го доби големото дерби (ВИДЕО)

Олимпик Лион славеше во големото дерби против Олимпик Марсеј на домашен терен со 4-2 и така ја прекина серијата на лоши резултати.

Хусем го отвори резултатот во 27. минута, но Марсеј израмни преку Флоријан Туван во 39. минута во возбудливо прво полувреме.

Тоа беше само најава за лудилото кое почнуваше во второто полувреме и двата гола на Бертран Траоре во 51. и 60. минута за водство од 3-1, а потоа и голот на Набил Фекир за 4-1.

Марсеј не можеше да се врати во натпреварот резултатски и успеа само да го намали поразот на 4-2 со голот на Клинтон во 82. минута.