Интер потврди: Преговараме со Годин!

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота за медиумите во Италија изјави дека преговара со еден од најдобрите светски дефанзивци Диего Годин.

„Моментално преговараме со Годин, ги договараме деталите. Планот на Интер е да ангажира искусни фудбалери кои ќе можат да влијаат на екипата позитивно. Миксот на искусни и млади играчи е идејата за следната сезона“, кажа Марота.