„Марка“: Меси лично му се јавил на Нејмар за да го убеди да потпише со Барселона

Нејмар летово сигурно ќе го напушти ПСЖ, а сега е само прашање дали ќе се пресели во Барселона или Реал Мадрид.

Ситуацијата дополнително се влоши по повредата на Нејмар на почетокот на годината, а работите стануваа сè полоши како минуваше времето.

Француските медиуми пишуваа дека Бразилецот уште пред еден месец решил да го напушти ПСЖ, зашто смета дека последните две сезони не бил добар.

Според шпанска „Марка“, во целата приказна се вклучил и Лионел Меси, кој лично го советувал да не потпише за „кралевите“, зашто повторно сака да го види на „Камп Ноу“.

Двајцата фудбалери беа во одлични односи од моментот кога Нејмар стигна во Барселона, а сега заедно со Луис Суарез би биле убиствено трио за противничките екипи.