„Марка“ го најави дуелот Барди и Меси - дерби на „снајперите“ (ФОТО)

Барселона силно ја пече ланкиот пораз од Леванте со 4-5 во дуелот од Ла Лига во кој малиот тим од Валенсија стигна до триумф за да го завери опстанокот, а македонскиот репрезентативец Енис Барди даде два гола во спектакуларниот триумф. Но, на тој меч не играше Лионел Меси, првата виолина на Каталонците.

Вечерва пресметката на леванте и Барселона, закажана за 20.45 часот ќе биде пресметката на – двата „снајпери. Меси и Барди се едни од најдобрите изведувачи на слободни удари во „лига петка“, па дуелот е посебно во фокусот во Шпанија, поради вистинскиот дуел за тој кој е поумешен да даде гол од прекин, ако им се укаже тоа.

Меси пред една недела успеа да го стигне Барди на мечот со Еспањол. По 13 сезони, првпат даде два гола на ист меч од прекин, нешто што на македонскиот ас му успеа во деби-сезоната против Атлетик Билбао во минатата сезона. Тогаш постав и рекод за најбрзи два гола од слободен удар. Му требаа 123 секунди.

„Дуелот на Меси и Барди е дуел на „снајперите“. Македонецот има многу подобар учинок во просек на погодени удари, за разлика од Меси, кој има повеќе дадени голови. Меси има девет гола од 67 обиди и процент на успешност од 13,43 отсто, додека Барди од 27 обиди даде шест гола во Ла Лига им има успешност од 22,2 отсто. И ако за Меси, слободните се како пенали, што да се рече за Барди, кој на Барса лани и даде два гола“, пишува „Марка“.