Марио Балотели прави шокантен кам-бек во Серија А

Договорот на Марио Балотели со Ница истекува ова лето, па Италијанецот ќе биде слободен да потпише договор со било кој клуб.

Информациите во италијанските медиуми велат дека Супер Марио се враќа дома во Италија. Откако играше за Интер и за Милан, голгетерот сега е подготвен да потпише и за најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус.

Балотели би требало да биде резерва во „старата дама“ и да му биде замена на Гонзало Игуаин, кога Аргентинецот е повреден, суспендиран или му треба одмор. Оваа ситуација му одговара на Балотели, бидејќи нема да има притисок да биде главен играч на теренот. 

Интересно е да се види како на вакво нешто ќе реагираат навивачите на Јувентус, кај кои Балотели не е е омилен особено по неколку негови контраверзни изјави за овој клуб, додека го носеше дресот на Интер и Милан.