Марадона жестоко удри по тие кои го исмејуваа поради необичната маска (ФОТО)

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона има многу здравствени проблеми, па поради тоа реши да се заштити од ковид-19, но носеше необична маска која предизвика потсмев кај јавноста.

На мечот на Гимназија ла Плата, Марадона се појави со маска за која многумина порачаа дека изгледа како да е од некое вселенско летало, а тоа го налути Аргентинецот кои реши да им одговори на тие кои го исмејуваа.

„Денеска го напуштив мојот дом со оваа маска, која докторот ми ја препорача. Таа е иста како таа што ја носат докторите. Ја носев поради почит кон тие што починаа од ковид-19. И веднаш се соочив со потсмев од возрасни, од момчиња и новинари. Новинари кои ве критикуваат кога не се грижите за себе, но и тогаш кога се грижите. Тие кои им се смеат на луѓе како мене. Би било добро за нив да разберат дека не можат да бидат интересни и да заработат на ваков начин, без почит кон никого и ништо“, кажа Марадона.