Мануел Пелегрини официјално се врати во Ла Лига (ФОТО)

Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини после седум години се враќа во шпанската Ла Лига, откако денеска Бетис го промовираше за свој нов кормилар, потпишувајќи договор до 2023 година.

Пелегрини е бивш тренер на Реал Мадрид, Вилјареа, Малага, Манчестер сити, а во Бетис доаѓа за да го крене тимот, кој сезонава имаше очајни моменти, па во еден период беше и многу близу до зоната за испаѓање.

Последен клуб на Пелегрини му беше лондонски Вест Хем. Чилеанецот во изминатиов период се поврзуваше со турски Фенербахче, но понудата од Шпанија беше попримамлива и после лошата сезона на Бетис и актуелното 13-то место, за следната сезона Пелегрини ќе има цел да го врати овој андалузиски тим во Европа.

Пелегрини дојде во Европа од Ривер плејт во 2003 година кога го презема Вилјареал и го водеше пет години со многу успеси по што му обезбедија преселба во Реал Мадрид, но издржа само една сезона, а потоа Малага имаше импресивни три години пред да се пресели во Манчестер сити од 2013 до 2016. Хабеи и Вест Хем му беа последните дестинации во овие три години, па сега по седум години пауза се враќа во Ла Лига.