Манолас кариерата ја продолжува во Наполи?

Грчкиот дефанзивец Костас Манолас по се изгледа во летниот преоден рок ќе ја напушти Рома. Тој минатите сезони беше на излезната врата од „Олимпико“, а тогаш најзаинтересирани за него беа Јунајтед и Челси.

Сепак, сега прв фаворит за негов ангажман е Наполи кој одлучил да ја активира откупната клаузула од 36 милиони евра. Наводно, Манолас ги договорил личните услови со Наполитанците, а би требало да потпише тригодишен договор според кој ќе заработува 3.5 милиони евра годишно.