Манчестер сити ќе го награди Гвардиола со нов договор вреден дури – 100 милиони фунти!?

Пеп Гвардиола се запиша во историјата на англискиот фудбал како прв на кого му успеало со еден клуб во една сезона да ги освои сите домашни трофеи, вкупно четири (Черити Шилд, Премиерлига, ФА-Куп и Карабао-куп), па Манчестер сити планира богато да го награди – со нов договор вреден цели 100 милиони фунти.

Гвардиола има уште две години од актуелниот договор, откако дојде од Баерн Минхен, па стана прв на кого после деценија му успеало да ја одбрани премиерлигашката круна, прв со освојување на четири трофеи во сезона, а единствена дамка е неуспехот во Лигата на шампионите. И поради добрите настапи, пехарите, фактот дека од „граѓаните“ изгради доминантен тим, управата сега планира да му понуди нов петгодишен договор вреден 100 милиони фунти и практично да го направи најплатениот менаџер на светот.

Гвардиола во моментов заработува 15 милиони фунти годишно, а сега би добил плата до 20 милиони фунти, а тој најави дека не планира да си оди од „Итихад“ и покрај можноста Сити поради нерегуларности и прекршување на финансискиот фер-плеј да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

„Јас останувам тука уште најмалку две години, ако клубо ме сака. Задоволен сум од работата и не планирам да одам никаде“, вели Гвардиола.

Најдолго до сега беше тренер на Барселона, каде стана најтрофеен тренер во историјата на каталонската гордост. Потоа беше три години тренер на Баерн Минхен, рушејни еден куп рекорди во Бундеслигата и освојувајќи три титули