Манчестер сити и без стопери славеше кај Кристал Палас (ВИДЕО)

Манчестер сити се рехабилитираше од поразот од Вулверхемптон минатото коло, па вечерва триумфално мина на „Селхурст Парк“ кај Кристал Палас во рамки на 8.коло во Премиерлигата. 

„Граѓаните“ победата ја остварија во првото полувреме благодарение на головите на Габриел Жесус и Давид Силва и тоа во рок од две минути. Интересно е тоа што поради повредите во одбраната, менаџерот на актуелниот првак Пеп Гвардиола играше без класични стопери. Тука беa Фернандињо и Родри да играат во последната линија иако се фудбалери од средниот ред. Сепак, квалитетот е премногу на страна на Манчестер за да си дозволи нов кикс во трката за титулата со Ливерпул.