Манчестер сити ги скроти „волците“ (ВИДЕО)

Манчестер сити новата сезона ја отвори со победа од 3-1 на гостувањето кај Вулверхемптон. 

Овој тим секогаш е тежок ривал за фаворитите особоено кога игра на својот „Молину“, па затоа момците на Пеп Гвардиола запишаа важни три бода.

Кевин де Брајне ја најави победата со гол од пенал во 20-тата минута, што и самиот го изнуди. На 2-0 зголеми Фил Воден во 32-та минута по асистенција на Рахим Стерлинг. Домашните се вратија во натпреварот во 78-та минута, откако Даниел Поденсе прекрасно му асистираше на Раул Хименез, кој со глава погоди за 1-2. 

 Сите дилеми на натпреварот ги разреши Габриел Жесус во 95-тата минута и ги постави конечните 1-3 по асистенција на Де Брајне.