Манчестер Јунајтед замената за Варан ја најде на „Гудисон парк“

Манчестер јунајтед планира да го ангажира дефанзивецот на Евертон, Џарад Брентвејт (21), користејќи го фактот дека неговиот сегашен тим мора да продаде голем број фудбалери поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј.

Составот од Ливерпул проценува дека неговата вредност е околу 82 милиони евра, но заинтересираните како Манчестер јунајтед се свесни дека би можеле да го добијат за значително помала сума. Евертон ќе мора да пушти неколку првотимци или ризикува банкрот, поради што „ѓаволите“ имаат добра преговарачка позиција и веруваат дека би можеле да го ангажира Брентвејт за 47 милиони евра.

Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по замена за Рафаел Варан, кој го одигра последниот натпревар во финалето на ФА Купот. Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со БиХ и со Исланд на почетокот на следниот месец.