Манчестер јунајтед стигна до долг од 400 милиони фунти!

Англискиот великан Манчестер јунајтед го зголемил вкупниот долг за нови 73,6 милиони фунти, па сега тој достигнува речиси 400 милиони фунти (391 милион), покажал финансискиот извештај за вториот квартал, што се сериозен аларм за челниците на „Олд Трафорд“.

Зголемувањето на долговите според финансиските стручњаци е најмногу поради неиграњето на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите, поради кое имаат од старт минус од 70 милиони фунти, колку што би заработиле од настап во европската елита. Иако долговите се многу сериозни, а приходите на клубот опаднале за скоро 20 отсто, интересно Јунајтед е на вистинскиот колосек да оствари над 155 милиони фунти профит пред оданочување поради огромните приходи кои се проектирани да бидат помеѓу 560 и 590 милиони фунти.

Ноовие финансиски податоци сега го отвораат прашањето околу финансискиот ферплеј на УЕФА, поради кој Манчестер сити, кој не должи ништо, доби двегодишна суспензија. Па, ваквите податоци за градскиот ривал сега само ја потврдуваат тезата дека УЕФА не ги сака новокомпонираните фудбалски моќници и е на страна на „старата фудбалска аристократија“.

Сити обвини дека токму традиционалните великани како Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед стојат зад казната, во која плус е политиката и „дворските игри“ за да се урне гигантот од „Итихад“.