Манчестер јунајтед слави: Интер сака да го откупи Санчез

Алексис Санчез можеби беше најлошото засилување за Манчестер јунајтед во историјата на клубот. Чилеанецот дојде на „Олд Трафорд“ во директна замена со Хенрик Миктаријан, кој замина во Арсенал.

Крилниот напаѓач доби неверојатен договор од Јунајтед вреден 18 милиони фунти по сезона, а за тоа врати со само пет постигати голови и очајни игри на теренот. Сезонава тој ја игра како позајмен во редовите на Интер, а англискиот тим и натаму му плаќа најголем дел од платата.

„Нераѕурите“ се задоволни од Чилеанецот и планираат да го откупат неговиот договор за 20 милиони фунти. Ова е прифатлива сума за Јунајтед, бидејќи единствено сакаат да се ослободат од неговиот огромен договор, а обештетувањето ќе дојде како бонус.

Сезонава во Серија А има 13 настапи со два гола и пет асистенции.