Манчестер јунајтед се распрашува за Левандовски

Оле Гунар Солшер е во потрага по нов напаѓач, кој редовно ќе ги тресе противничките мрежи. Оваа сезона Манчестер јунајтед имаше сериозен проблем со реализацијата на офанзивците, бидејќи Пол Погба беше најдобар стрелец со 16 голови. 

Клубот почнал да се распрашува за услугите на Роберт Левандовски од Баерн Минхен. Полјакот сè уште го нема продолжено договорот со „баварците“ и ги разгледува опциите да се испраба во нов клуб и ново првенство. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2021 година, но Баерн инсистира тој да потпише едногодишно продолжување.

Интерес има и од редовите на ПСЖ, но Манчестер јунајтед може да му гарантира стартно место со оглед на фактот дека Ромелу Лукаку веројатно си заминува. Левандовски сезонава има 22 гола на 32 натпревари во Бундеслигата и е на прагот да ја освои наградата за најдобар стрелец, бидејќи има четири голови повеќе од Пако Алкасер.