Манчестер јунајтед понуди 40 милиони евра за фудбалер на Лион

Манчестер јунајтед летово ќе се обиде да се засили со уште еден голгетер, а како една од примарните цели ќе биде фудбалерот на Лион, Муса Дембеле. 

Според англиските медиуми, премиерлигашот веќе понудил 40 милиони евра за напаѓачот, кој изминатата сезона за францускиот клуб постигна 23 гола во сите натпреварувања.

Дембеле само една сезона е дел од Лион, бидејќи минатото лето пристигна од редовите на Селтик. Оле Гунар Солшер бара засилување во нападот, бидејќи не е задоволен од Ромелу Лукаку, кој е многу близу до трансфер во Интер.