Манчестер Јунајтед не тагува по Санчо туку веднаш најде дури - две замени за него!

Колку и да го посакуваа во своите редови, челните луѓе на Манчестер Јунајтед веќе се помирија со фактот дека нема да го видат Џејдон Санчо во своите редови, откако Борусија Дортмунд реши да го задржи и оваа сезона, поради што „ѓаволите“ почнаа да бараат друга солуција.

И наместо една, тие најдоа две потенцијални замени за талентираниот фудбалер на „милионерите“ и тоа Федерико Киеза од Фиорентина и Далас Коста, кој е на излезна врата од Јувентус.

Киеза има 22 години и игра на сите позиции во нападот, но ќе чини најмалку 60 милиони евра, додека Коста е резервна варијанта иако е далеку поефтин во однос на играчот на „виолетовите“.