Манчестер јунајтед и Погба почнуваат преговори за нов договор

Пол Погба изгледа како препороден фудбалер откако се врати во тимот на Манчестер јунајтед по долгата пауза пореди повредата на скочниот зглоб.

Французинот се пронајде себе си крај Бруно Фернандеш во средниот ред, па тимот на Оле Гунар Солшер игра одличен фудбал откако продолжи сезоната. Иако се шекулираше дека Погба е подготвен да си замине од клубот летово, работите очигледно се променија па сега фудбалерот ужива во играта на тимот.

Во едно од неговите најнови интервјуа, Погба нагласи дека е воодушевен од она што го гледа од Фернандеш, Маркус Рашфрод, Ентони Марсијал и младиот Мејсон Гринвуд.

Јунајтед сака да ја искористи сегашната ситуација и да му понуди нов долгогодишен договор, а фудбалерот изгледа среќен да прифати. Шпекулациите велат дека се направени првите чекори и дека двете страни се оптимисти дека ќе има нова заедничка соработка.