„Манчестер јунајтед да го задржи Погба дури и да добие 200 милиони евра од Реал Мадрид“

Бугарската легенда Димитар Бербатов, поранешен напаѓач на англсикиот великан Манчестер јунајтед му порача на својот поранешен клуб по секоја цена да го задржи Французинот Пол Погба, за кого веќе цело лето има трансфер-сага околу евентуално заминување во најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Според Бербатов, Јунајтед не смее да се откаже од Погба, дури на адреса да дојде непристојна понуда и од 200 милиони евра.

„Знаеме дека Зидан сака да го види Погба во Реал, знам дека и Солшер сака да го задржи, ама во денешно време, тешко може да претпоставите што ќе се случи и каква понуда може да ве замисли. Само видете го перфектното додавање на Погба за Маркус Рашфорд, тоа е тој – вистински фудбал. И сега мислам дека Јунајтед треба да одбие понуда и од 200 милиони евра и да го задржи Погба. Можно е да има такво нешто и да се случи таков трансфер, зашто тие пати тешко се одбиваат, ама... Јас се надевам дека Погба ќе остане во Манчестер, а Зидан сигурно нема да си оди од Реал ако не го донесе сонародникот“, вели Бербатов.