Манчестер ј. го совлада Интер со мајсторијата на младиот Гринвуд (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ја оствари третата победа на третиот пријателски натпревар на подготовките откако денеска во Сингапур го совлада Интер со минимални 1-0. Претходно „ѓаволите“ славеа против Перт глори и Лидс јунајтед.

Стрелец на единствениот гол за Манчестер беше младиот Мејсон Гринвуд, кој реализираше мајсторски во 76-тата минута. За гринвуд ова беше втор погодок во претсезоната и покажа дека идната сезона може сериозно да конкурира за првиот тим кај Оле Гунар Солшер.