Малдини проговори за Модриќ: Сјаен е, ама не не интересира!

Откако излезе шпекулација од шпански новинар дека постои опција до крајот на преодниот рок најдобриот светски фудбалер за 2018 година, Лука Модриќ да се пресели во седумкратниот европски првак Милан, директорот на „росонерите“, Паоло Малдини ја демантираше таа информација.

Малдини е технички директор на Милан и заедно со Звонимир Бобан, кој дојде од ФИФА сега треба да го вратат угледот и резултатите на „росонерите“, па Модриќ се појави како комбинација, за која сепак излегува дека е само чиста измислица.

„Никогаш не преговаравме за доаѓање на Модриќ и никогаш не било тоа тема на разговор. Ние сакаме млади фудбалери. Лука е сјаен играч, ама не не интересира. Во моментов си заминаа четири играчи за врска и бараме решенија, но не брзаме. Врвните играчи се (пре)скапи и ќе ги донесеме тие кои можеме“, рече Малдини.