Мајнц го шокираше Келн и избега од зоната за испаѓање (ВИДЕО)

Мајнц го изненади Келн на гостински терен во последните минути од натпреварот, кога ги постави конечните 3-2 и освои важни три бода во борбата за опстанок во Бундеслигата.

На натпреварот беа забележани два пресврти, а најпрво гостинскиот тим по 11 минути игра го преземаа водството (1-0), но Дуда од пенал израмни на 1-1. по што Скири погоди за целосен пресврт (2-1). 

Во 65. минута Онисиво израмни на 2-2, додека Бареиро стрелаше за нов пресврт и конечни 3-2 во судиското надополнување.

Мајнц има 28 бодови на 14. место на табелата, односно два бода повеќе од зоната за испаѓање од Бундеслигата.