Махмудов со еврогол му донесе триумф на Пјуник (ВИДЕО)

Пјуник по четири натпревари без победа, денеска конечно се радуваше на три бода и тоа благодарение на Денис Махмудов. 

Фудбалерот со македонско потекло, кој речиси цела своја кариера ја мина во Холандија, а кратко беше дел и од Левски Софија, сезонава игра во ерменскиот тим. Тој го постигна единствениот гол против Ширак, откако во 13-тата минута испрати „бомба“ од огромна далечина.  За него ова беше шести сезонски погоди во ерменската Премиерлига.