Магија на Минковиќ-Савиќ, Лацио немаше милост за Новара (ВИДЕО)

Првиот фудбалски викенд во Италија по зимската пауза е резервиран за натпреварите од осминафиналето на италијанскиот куп, кој го отвори Лацио со победата против Новара од 4-1.

Екипата од Рим го реши мечот уште во првите 45 минути, кога ги постигнаа сите четири погодоци. Луис Алберто стрелаше за 1-0, па Чиро Имобиле зголеми на 2-0, а потоа и на 3-0 од пенал.

На крајот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна одличен гол од слободен удар за 4-0, а Новара во вториот дел ги постави конечните 4-1 за Лацио.