Мадрид пак гори: Навивачите на Атлетико најдоа начин расистички да го навредуваат Винисиус (ВИДЕО)

Вечерва на Метрополитано се игра мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал, а домашните навивачи уште на неколку часа пред почетокот, ја почнаа кампањата против Винисиус.

Познато е дека последните денови беше актуелна затворската казна за еден фан на Мајорка затоа што расистички го навредувал Бразилецот, па приврзаниците на Атлетико најдоа друг начин да го прават, а да не бидат казнети. Прво ставија маски на своите глави со цел да не бидат препознати и ги повикаа сите присутни на Метрополитано да го направат тоа.

Втор чекор беше да не користат навредливи изрази, а сепак да дадат до знаење што мислат, па пред стадионот скандираа „Винисиус е различен“.