Лукаку на приказните дека е дебел одговори со - топлес селфи (ФОТО)

Белгиската напаѓачка ѕвезда на Интер, Ромелу Лукаку не чекаше многу за да им одговори на медиумите, кои вчера објавија дека поради тоа што е дебел ќе го прескокне стартот во Серија А, зашто од клубот му наредиле да се симне до 100 килограми, а имал на последното мерење – 104.

И Белгиецот, кој дојде во Интер од Манчестер јунајтед после неверојатна двомесечна сага, сега преку социјалните мрежи осговори на пишувањата дека е дебел со топлес слика. Пред огледало Лукаку се сликаше за да ги покаже стомачните мускули.

„Не е лошо за еден дебелко“, напиша Лукаку.

Лукаку беше најголемата желба на тренерот Антонио Конте за засилување на Интер во оваа сезона и сега сите на „Џузепе Меаца“ очекуваат Белгиецот да се раздава голови и да биде предводникот на тимот во битката да се симне недопирливиот Јувентус од тронот.