Лука Јовиќ ќе биде дел од најголемиот трансфер во историјата на фудбалот

Лука Јовиќ нема идеален старт на кариерата во дресот на Реал Мадрид по летниот трансфер вреден 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт.

„Кралевите“ веќе размислуваат како да го продадат Србинот, па се чини дека ја пронајдоа идеалната комбинација. Голгетерот ќе биде вклучен во рекордната понуда на Реал Мадрид до ПСЖ за трансфер на Килијан Мбапе.

Како што пишува „Дон Балон“, мадриѓани се подготвени да испратат понуда од 250 милиони евра до парижаните за Мбапе и плус Лука Јовиќ. Тоа секако би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, бидејќи моментално број 1 е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ во висина од 222 милиони евра. 

Српскиот интернационалец се споменува и како можен наследни на Кжиштоф Пјонтек во Милан, кој сезонава игра под секое ниво. Јовиќ на 11 натпревари сезонава за Реал постигна само 1 гол.