Нов кикс на Атлетико, борбата за титула никогаш - понеизвесна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид втора недела по ред не победува во Севилја, откако по поразот од истиомениот клуб во претходното коло вечерва одигра само нерешено со составот на Бетис (1-1), на радост на конкурентите во борбата за титула.

На осум кога до крајот на Ла Лига, трите фаворите се на само еден бод. Лидер сѐ уште е Атлетико со 67 бодови, еден помалку има Реал Мадрид, а два помалку има Барселона, што ја прави трката на титула неизвесна како ретко кога досега.

 

 

Вечерашниот натпревар на „Бенито Вилјамарин“ беше решен во првите 20 минути, кога прв гостите од Мадрид дојдоа до водство со погодокот на Караско по пет минути, додека 15 минути подоцна Кристија Телјо изедначи на 1-1. Домашните имаа два одлични шанси во второто полувреме за триумф, но не успеаја да ги реализираат.