Лудило во Париз: ПСЖ со девет гола го торпедираше Генгам (ВИДЕО)

ПСЖ во вечерашниот натпревар на домашен терен го совлада Генгам со 9-0 и така го продолжи походот кон нова титула во францускиот шампионат.

Во 11. минута стигнаа до водство преку Нејмар, а до крајот на првото полувреме стрелаше двапати Килијан Мбапе за 3-0.

Во второто полувреме Едисон Кавани погоди за 4-0, а потоа и за 5-0. Во 68. минута Нејмар го постигна својот втор погодок, а пота стрелаше уште еднаш Кавани за 7-0. Во 80. минута Кавани го постигна и четвриот гол, а конечните 9-0 ги постави Мунир.