Луди навивачи по поразот на фудбалерите им ги запалиле – автомобилите (ВИДЕО)

Пет автомобили кои им припаѓале на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб на аргентинскиот прволигаш Алдосиви биле запалено набрзо по новиот пораз на овој тим во домашното првенство.

Оваа екипа загубила на гостувањето кај Годо Круз (0-2), што е деветти неуспех во досега одиграните 13 кола за пласман на претпоследното место на табелата со само осум бодови. Автомобилите биле запалени на клупскиот паркинг во Мар де Плата, каде што фудбалерите ги оставиле пред заминувањето на гостинскиот дуел. Тие почнале да горат само неколку минути по крај на средбата, а и покрај брзата реакција на пожарникарите, петмина од клубот останале без своите миленици на четири тркала.

Управата на Алдосиви веднаш издаде соопштение во кое изразува грозење од вандалскиот чим и побара жестока казна за виновниците, без разлика што се навивачи на овој клуб.