Луда ноќ на „Вембли“: Фулам избори пласман во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фулам избори пласман во Премиерлигата, каде што се враќа по една сезона, откако денеска во финалето на плејофот во Чемпионшип-лигата беше подобар со 2-1 од Брентфорд.

Екипите создадоа многу шанси во текот на натпреварот, но мрежите мируваа до судиското продолжение, кога Џо Брајан од слободен удар во 105. минута успеа да ја погоди мрежата на Брентфорд.

Брентфорд се обиде да израмни и имаше неколку шанси, но Фулам преку Брајан зголеми на 2-0, додека Далсгард стрелаше само за почесен гол и конечни 2-1.