Ловрен пред трансфер во Милан?

Италијанскиот гигант Милан, синоќа и официјално ги претстави легендите на клубот Паоло Малдини и Звонимир Бобан на директорските функции, кои веќе се фатија за работа. „Росонерите“ сакаат да ја засилат одбрана, а прв избор за дефанзивните позииции е хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен.

Тој сезонава го изгуби првотимскиот статус во Ливерпул од Матип и Ван Дајк па затоа е подготвен за промени. Милан му гарантира дека ќе биде стартер и сега останува уште да ги договори личните услови. Ливерпул е подготвен да се откаже од Хрватот, а се уште не е познато колку пари ќе бара европскиот шампион за одличнио дефанзивец.