Лоши вести за Рома: Без клучниот фудбалер до крајот на сезоната?

Рома се соочува со големи проблеми во клучниот дел од сезоната. „Римската волчица“ најверојатно ќе остане без капитенот Даниеле Де Роси, кој на натпреварот против Удинезе ја обновил повредата на десното колено.

Италијанскиот клуб не игра ни приближно добро како минатата сезона кога беа најпријатното изненадување. Сега се борат за место во ЛШ и веќе јасно е дека немаат право на кикс. Де Роси е капитен на Рома по заминувањето во пензија на Франческо Тоти.

Тој е многу важен дел од составот на „римската волчица“ и според информациите ќе го пропушти останатиот дел од сезоната. Ова ќе биде голем удар за Италијанците, затоа што Клаудио Раниери нема многу опции на позицијата последен играч за врска.