Лоша вест за Јунајтед: Тотнем не го пушта Покетино ниту за – 50 милиони фунти!

Одамна е познато дека Манчестер јунајтед ептен го сака аргентинскиот стратег на Тотнем, Маурисио Покетино за свој менаџер, па дури и сега кога на привременото решение Оле Гунар Солшер му оди фантастично откако го замени Жозе Мурињо на клупата на „Олд Трафорд“.

Покетино веќе подолго време се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед, ама по се изгледа такво нешто нема да се случи, па ниту за – премногу пари. Првиот човек на лондонскиот премиерлигаш Даниел Леви изјавил дека Покетино не е достапен за Манчестер, макар „црвените ѓаволи“ издвоиле и 50 милиони фунти за Аргентинецот.

Оваа лоша вест за Јунајтед веројатно сега ќе го насочи фокусот за задржување на солшер, кој не крие дека сака да остане во Манчестер јунајтед и по мај, иако Малме најавува дека тоа би било проблематично, зашто со англискиот великан е договорена соработка до 12 мај и дотогаш е платен заемот од два милиони евра.

Сепак, сооглед на вкавиот расплет на ситуацијата со Покетино, но и фактот дека на Норвежанецот одлично му оди на клупата, нема да биде изненадување ако Јунајтед го откупи Солшер од Малме и норвешкиот клуб заработи десетина милиони евра за да го пушти својот тренер на „Олд Трафорд“.