Лоша вест за Чаби Алонсо: Анчелоти се премисли – не сака да се пензионира!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сака да го продолжи договорот со тој клуб и по 2026 година, објавија шпанските медиуми.

Анчелоти (65 години) лани во декември потпиша договор до крајот на сезоната 2025/26, но сега потврди дека би сакал да ја продолжи соработката со „кралевите“, без да прецизира до кога.

Шпанските медиуми веќе објавија дека Реал Мадрид има намера да го замени Анчелоти на клупата со Чаби Алонсо, но и дека тренерот на Баер Леверкузен би можел да преземе друг клуб, доколку челниците на мадридскиот клуб чекаат долго да го ангажираат.