Лоша ноќ за Бензема: Прво се повреди, па откри дека му е ограбен домот

Реал Мадрид вчера одигра 2-2 против Елче на „Сантијаго Бернабеу“ и се спаси од срамен пораз откако губеше со 0-2, а поголем шок за лидерот во Ла Лига е тоа што се повреди Карим Бензема, кој нема по добро да го памети вчерашниот ден.

Бензема се повреди во 58. минута и мораше да излезе од теренот, а на негово место во игра влезе Лука Јовиќ, но тоа не беше крајот на лошите вести за Французинот, кој дозна дека му го ограбиле домот.

Ова не е првпат да му го ограбат домот на Бензема во Мадрид, а овој пат во јавност не е објавено колку е голема штетата, ниту што му било украдено.