Лопетеги: Вчера ми беше најтажниот ден во животот по смртта на мајка ми, а денес најсреќен

Хулен Лопетеги остана без селекторското место, но сега беше претставен како тренер на Реал Мадрид. И официјално. И тоа во термин кога во Русија се играше првиот натпревар од истиот Мундијал. 

Како и да е, ова доаѓање на Лопетеги ќе биде запаметено како едно од поконтроверзните во историјата. Со отказот на Хулен, Реал заштеди и два милиони евра, кои мораше да ѝ ги плати на Шпанската федерација поради отштета, но нема ништо од тоа.

Наместо да ја подготвува селекцијата за мечот против Португалија, Лопетеги беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид. 

„Ова е голем ден за мене, му благодарам на претседателот, му благодарам и на целиот клуб за довербата и одговорностите. Ќе се бориме да го одржиме овој клуб таму каде што е и можеби и да го подобриме. Сакаме да освоиме сѐ и инспирирани сме да го сториме тоа“, изјави Лопетеги.

Потоа беше и доста емотивен и со солзи во очите.

„Вчера ми беше најтажниот ден во животот, по оној кога почина мајка ми. Сепак, денес ми е најсреќниот ден во животот“, изјави Лопетеги.

Со какви мисли Лопетеги ќе го проследи утрешниот меч на Шпанија против Португалија.

„Ќе навивам утре како Шпанец. Репрезентацијата ќе има одлично Светско првенство и се чувствувам како дел од тимот“.