Лопетеги ќе потроши 100 милиони евра за својот омилен играч

Реал Мадрид е подготвен да плати дури 100 милиони евра за Давид де Хеа, кој веќе неколку години е желба на „кралевите“, а конечно ќе биде исполнета по доаѓањето на Хулен Лопетеги на тренерското место.

Лопетеги не го сака Кејлор Навас во екипата, па токму Де Хеа се споменува како најголема желба на Шпанците, но како алтернатива се споменува Тибо Куртоа.

Пред да замине во Манчестер јунајтед, Де Хеа бранеше во Атлетико Мадрид. А, доколку Реал се одлучи да испрати понуда наскоро во Манчестер од 100 милиони, тешко дека управата на „црвените ѓаволи“ ќе ја одбијат.