Љоренте го замени Реал со Атлетико

Мадридските клубови Атлетико и Реал денеска постигнаа договор околу трансферот на фудбалерот од средниот ред Маркос Љоренте. „Кралевите“ за него би требало да инкасираат околу 40 милиони евра.

Љоренте потекнува од младинските категории на Реал, меѓутоа никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим. Младиот фудбалер потпиша петогодишен договор, а на „Ванда Метрополитано“ би требало да го замени Родри, кој ќе си замине од Атлетико во овој преоден рок.