Ливерпул во неизвесност: Салах замина на детални медицински прегледи!

Репрезентацијата на Египет пред неколку дена победи со 4-1, а на натпреварот Мохамед Салах постигна прекрасен гол од корнер.

Сепак, Салах се повреди и денеска замина не детални медициснки прегледи, по кои ќе се знае колку време ќе отсуствува од терените.

Играчот на „црвените“ ги збуни навивачите со неговите чести објави на социјалните мрежи по натпреварите, зашто воопшто не ја споменуваше повредата.

Сепак, англиските медиуми пишуваат дека мистеријата ќе биде решена во наредните часови.

Уште не е познато дали станува збор за сериозна повреда или не, но управата на Ливерпул во неизвесност ја очекува информацијата.