Ливерпул сака ѕвезда на ПСЖ на заем од јануари!

Англискиот великан Ливерпул, петкратен европски првак сака да се засили со ѕвезда на Пари Сен Жермен, која по доаѓањето на Нејмар и Килијан Мбапе летово е во сенка на најскапото напаѓачко трио на светот.

Според „Л'Екип“, Ливерпул веќе го исконтактирал ПСЖ околу опцијата за ангажман на заем во јануари на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер, кој во Париз дојде од Шалке.

Дракслер е извонреден фудбалер, но во моментов е во сенка на Килијан Мбапе и добива многу малку шанса покрај неверојатното трио на парижаните.

Ливерпул за Дракслер беше заинтересиран и пред да дојде во ПСЖ, но сега Јирген Клоп сака да го земе на заем, а според најавите можно е Арсенал да му биде главна конкуренција на тимот од „Енфилд роуд“