Ливерпул покажа кој е главен во Англија - со пет гола го „потопи“ Евертон (ВИДЕО)

Ливерпул славеше во градското дерби против Евертон со 5-2, па така го запиша 14. триумф сезонава во Премирлигата и продолжи да гази кон трофејот во англискиот шампионат.

Голеадата на „Енфилд“ ја отвори Дивок Ориги во шестата минута од мечот, а Шакири во 17. минута зголеми на 2-0, по што следеше прв знак на живот кај Евертон и намалување на резултатот преку Кин на 1-2.

Во продолжение од првото полувреме Ливерпул притисна дополнително, па Ориги и Мане зголемија на 4-1, а Ричарлисон намали на 2-4 во самиот финиш на првото полувреме.

Во второто полувреме беше забележан израмнет фудбал, па имаше по неколку шанси на двете страни на теренот, а Вајналдум дури во 90. минута стрелаше за 5-2.