Ливерпул останува перфектен, Сити се прошета низ Кардиф, кикс на Јунајтед (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Саутемптон со 3-0 и го задржа максималниот ефект по шест одиграни кола во Премиерлигата. 

„Црвените“ го решија натпреварот уште во првото полувреме кога ги постигнаа сите три гола. Се започна со автоголот на Весли Хоедт. Потоа Жоел Матип погоди за 2-0, а победата ја потврди Мохамед Салах во финишот на првото полувреме. 

Манчестер сити испука „петарда“ на гостувањето кај Кардиф и славеше со 5-0. Серхио Агуеро, Бернардо Силва и Илкај Гундоган ја обезбедија победата уште во првиот дел. Победата запечати Ријад Марез со два гола во вториот дел.

Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Вулверхемптон на „Олд Трафорд“. Фред го доведе домашниот тим во водство од 1-0 во 18-тата минута. Бодот за гостите го обезбеди искусниот Португалецо Жоао Мутињо во 53-тата минута. 

Лестер со 3-1 беше подобар од Хадерсфилд, Барнли со 4-0 го совлада Бормут, а немаше голови на дуелот Кристал Палас и Њукасл.