Ливерпул лобира за ѕвездата на Реал Мадрид

Европскиот клупски шампион, екипата на Ливерпул, е подготвен да понуди 74 милиони евра за шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, кој го носи дресот на Реал Мадрид.

Минатата сезона, 23-годишниот офанзивен фудбалер одигра 43 натпревари за „кралскиот“ тим, а неговиот договор со клубот е до летото 2023 година. Пред неколку недели, шпанските медиуми објавија дека Реал е подготвен да го замени Асенсио за Садио Мане, кој во 2016 година премина кај „црвените“ од Саутемптон.