Ливерпул има страшна победничка серија во Премиерлигата, каква што не се памети 29 години (ФОТО)

Европскиот првак Ливерпул сезонава има еден голем приоритет, а тоа е во мај догодина на „Енфилд“ да се слави првата шампионска титула во Англија после точно 30 години. Ланската сезона, трофејот им избега за еден бод во спектакуларната бркотница со Манчестер сити, а сезонава „црвените“ веќе имаат три од три на почетокот.

Ливерпул со овие три победи во низа, како и претходните девет во серија во лудиот спринт за шампионската круна стигна до победничка низа од 12 меча. Ваква „црвените“ немале точно 29 години. Уште од периодот април-октомври 1990 година, година кога и последен пат станаа англиски шампиони.

Како за најава, нема сомнение дека четата на Јирген Клоп сезонава го има фокусот на титулата, а раководството уште пред стартот му порачал на Германецот да се откаже од куповите и да ги штеди фудбалерите само за домашното првенство и ЛШ. Ливерпул веќе освои еден трофеј, европскиот Суперкуп, а во декември ќе го чека пресметка на клупскиот Мундијал.